ВЕСТИ

 

Во погон е проектот >>Стимулирање и промоција на млади уметници << во кој учествуваат дваесет и двајца млади автори со своја замисла за визуелно представување на звукот. Во протокол се трите Погон работилници за стрип, фотографија и графички дизајн, неми и статични медиуми чија сила ревносно ја испитуваме.
Завршниот продукт на оваа младинска акција ќе биде презентиран на 16.12.2006 во Мултимедијалниот центар Мала Станица под наслов

>>Visual Noise<<.

Човекот ги надминува своите сетила.

Слушам боја, гледам звук.

*Copyright POGON\ Jovan Petrusevski(NMP)

Програма:

18:30 Јавна трибина  

>>Постои ли подржувачка околина за младите уметници?<<

Погон ги повикува сите државни институции, невладини организации, неформални здруженија и поединци кои сакаат да го изразат своето мислење кое се однесува на отвореноста на институциите кон младиот уметник, да се вклучат во оваа трибина.

20:30 Отворање на изложбата >> Visual Noise<<

 

Проектот е подржан од Про хелветиа Скопје