Има многу млади што слободното време го губат на клупа, пред телевизор, во кафич, на улица во маало, пред коперација... Погон не е крај на слободното време, туку нов начин на поимање на времето. Погон е пчеларник на нови идеи, куќа на неуморно творештво, покров на жедните за продуктивност, храна за гладните по умешност.
Вчера видов 20 млади во погон-денеска избројав 80.
И сите тие се спремни за акција, сите се желни за нова урбана авантура, за нов поход по бескрајните полиња на уметноста и техниката. Спремни го прифатија предизвикот и се фатија во костец со забчаниците на времето и нема да го пуштат додека зад себе не направат рид од културни вредности. Списанија, представи, изложби, настани, насмевки и восхити. Тоа се продуктите на крајот од лентата на новоит погон. ПОГОН е центар. ПОГОН е идеа.
ПОГОН е движење – придвижи се!

 


Галерија - Сите во ПОГОН - Изложба Посетители 23.02.2006 / Скопје / Народна Техника

Галерија - Сите во ПОГОН - Стрип Работилница 21.02.2006 / Скопје / Народна Техника

Галерија - Сите во ПОГОН - Vectorspective 16.02.2006 / Скопје / Народна Техника


ПРОГРАМА | КОНТАКТ